Апартмани во Крушево
Maya’s Apartments
Се издаваат 2 апартмани во Крушево.
Сместување кое се наоѓа на 2 минути од жичарницата. Во близина на сместувањето има добро опремен минимаркет, а центарот е оддалечен околу 350 метри пеш. Во околината на сместувањето се наоѓаат неколку градби со стара крушевска архитектура, чешма со изворска питка планинска вода, а крушевската корија е во сама близина.
Апартманте се изградени во јули 2019 година, и се во одвоен објект. Едниот апартман има мала терасичка со поглед кон градот, а и на двата апартмани излезот им е во голем двор кој што е слободен за користење од страна на посетителите. Во дворот има простор кој располага со ѕидана скара, пушница за месо и чешма и простор за одмор.
Апартманите се климатизирани и располагаат со сопствена опремена кујна, сопствен тоалет, интернет и кабелска телевизија.
На неколку чекори од апартманите започнува вашето планинско уживање, чистиот воздух, боровиот појас и буковата шума ве предизвикуваат да го започните денот на вистински начин.
Контакт:
https://www.instagram.com/mayasapartments/
https://www.facebook.com/KrusevoApartmani/