"Убавите девојки танцуваат"-Кајли Брант
Дали знаењето би било полошо од неизвесноста?
Келси беше четиринаесетгодишно девојче кое исчезна пред седум години – се претпоставува дека е мртва. Последиците од исчезнувањето за семејството на Келси беа рингишпил на ужаси кои резултираа со колекција на апчиња во боја на виножито.
После седум години исчезнува уште едно девојче. Друго семејство претрпува лична трагедија од која раните не исчезнуваат – загубата е фингиран ѕвер што може да проголта цела личност.
Агентот Марк води паралелна истрага за животот на двете девојчиња, која открива индиции за една вистина потемна и од мрак. Постои ли казна полоша и од смртта?