"Клучот на Сара"-Татијана де Роснај
!["Клучот на Сара"-Татијана де Роснај](https://becircular.eu/wp-content/uploads/2024/01/8046ac66-9b2d-4e21-8fa0-649cf2df8032-800x600.jpg)
Париз, 1942 година: Сара, десетгодишна Еврејка, е брутално упасена од француската полиција, заедно со нејзината мајка и татко. Очајна да го заштити својот четиригодишен брат го заклучува во шкаф, со надеж да се врати по него во текот на денот…
Париз, 2002 година: Џулија, американска новинарка, по повод 60 годишнина од постоењето на „Вел ‘д’ Хив“, добива задача да напише статија за конвојот кој одведе илјадници еврејски мажи, жени и деца во логори, директно до последната станица – смртта.
Беа потребни многу солзи да се измие црнината од минатото на Франција и гравирани фаќели да ја осветлат темната патека на иднината. Емотивно интезивен роман, кој ја открива вината што ја носат долго закопаните тајни и штетата што може да ја предизвика вистината кога конечно ќе се разоткрие.